ЦУК: Двајца малолетници и еден 18-годишник ги однесе надојдената вода во реката Треска

by irena 19:28
19:28

Преку Единствениот број за итни повици 112 денеска била примена пријава дека три лица, кои се капеле во реката Треска, биле однесени од надојдената вода предизвикана од зголемен испуст од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија, соопштија од ЦУК.

„Поради надојдената вода, од силниот воден тек беа однесени две малолетни лица на возраст од 15 години и едно 18-годишно лице. Едното малолетно лице веднаш беше извлечено од водата, додека другите две лица беа пронајдени низводно по течението на реката Треска. Сите три лица се спасени, живи се и немаат видливи повреди“ велат од ЦУК.

По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи веднаш ја координирал интервенцијата и побарал ангажирање на Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Општина Сарај, ХЕЦ „Матка“, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и Итната медицинска помош.

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да бидат особено внимателни при престој покрај реките и езерата, особено во близина на брани и хидроенергетски објекти, каде што нивото и брзината на водата можат нагло да се променат поради контролирани испусти.

Слични вести