ЦУК: Активни се три пожари во Македонија, уште три се под контрола

by irena 22:11
22:11

Од вкупно 27 пожари на отворено во текот на денешниот ден, се уште активни се три, под контрола се три, а изгаснати се 21, информира вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата со пожарите заклучно со 20:30 часот.

ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Василево, Општина Радовиш и Општина Берово кај с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, во Општина Прилеп кај с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (под контрола), друг крак кон с. Градешница (Општина Новаци) и трет крак кон границата со Р. Грција, каде, посочуваат не се интервенира поради детонации. Во Општина Прилеп и Општина Кавадарци помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Општина Прилеп) и селата Галиште и Ќесендре (Општина Кавадарци) гори мешана шума и нискостеблеста вегетација.

Под контрола се ставени пожарите во Општина Карбинци кај с. Јунузлија каде гореше шума, во Општина Делчево кај Градската депонија Острец и во Општина Битола кај тунелот на патниот правец Битола Ресен каде гореше ѓубре.

Слични вести