Одговорност во моментот треба да даде тој што е фатен на дело за злоупотреба и прекршување на законите. И мислам дека таму ќе се води истрагата до крај, апелирам да биде до крај и сите коишто се евентуално инволвирани во целиот случај да одговараат. Само на тој начин ќе стопираме негативни тенденции, прекршување на закони и девијантни однесувања, порача министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
-Јас како ресорен министер ќе продолжам да се борам и ваквите случаи да се санкционираат во целост, само на тој начин ќе можеме да градиме она што постојано го велам, доверба во институциите, што во минатото го немаше – рече тој на Канал 5.
Трипуновски истакна дека Владата спроведува неселективна борба против криминалот, укажувајќи дека без разлика на политичката припадност секој кој направи злоупотреба мора соодветно да одговара.
-Со овој случај гледате дека како сериозна Влада без разлика на партиска припадност, дали е некој сегашен или поранешен функционер, се бориме беспрекорно. Тоа е сериозен пристап на сериозна Влада, што во минатото не беше така – изјави тој.
Трипуновски ги отфрли обвинувањата на опозицијата и порача дека Платежната агенција е посебно тело од министерството, додавајќи дека бледи се обидите на СДСМ да го инволвираат во овој случај.