204
Од утре стапува во сила забраната за изнесување отпад по 22 часот, мерка што Град Скопје ја воведе со цел да се воспостави ред во управувањето со сметот и да се спречат злоупотребите на контејнерите.
Контролата ќе ја вршат комуналните инспектори и редари, кои од утре ќе работат во три смени, односно 24 часа.
Градот располага со 20 комунални инспектори и 20 комунални редари, кои ќе бидат постојано на терен.
Главната цел на акцијата, како што наведуваат надлежните, е да се утврди каде правните и угостителските субјекти го одложуваат отпадот.