Трилатералните разговори меѓу Русија, САД и Украина завршија многу брзо денеска во Женева, јавува дописник на РИА Новости.
Средбата на делегациите завршила околу 10:45 часот по европско време и нема да продолжи денес, изјави извор за РИА.
Разговорите за Украина се одржале зад затворени врати, потврдија руски медиумски извори.
Безбедносните мерки во хотелот во Женева, каде што престојуваа членовите на руската делегација, се дополнително заострени.
Руската делегација го напуштила хотелот каде што се одржувале разговорите со САД и Украина.
– Преговорите траеја два дена: вчерашниот ден беше многу долг и се одвиваше во различни формати, а денес разговаравме околу два часа. Беа тешки, но многу деловни – изјави Владимир Медински, главен преговарач на руската делегација, додавајќи дека разговорите ќе продолжат „во блиска иднина“.
Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, по вчерашните разговори во Женева одржа посебен состанок со претставници на САД и европските партнери – Франција, Велика Британија, Германија, Италија и Швајцарија.
Присуството на европските делегации во Женева не било однапред најавено.