Трамп: САД се целосно подготвени да одговорат на најавениот студен бран и бура

by irena 09:35
09:35

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Федералната агенција за управување со вонредни состојби (FEMA) е целосно подготвена да одговори на рекордниот студен бран и зимска бура што се предвидува да го погоди поголемиот дел од САД овој викенд.

Трамп напиша на својата социјална мрежа Truth Social дека неговата администрација ги координира активностите со локалните власти во врска со предвидената бура.

„Чувајте се и останете на топло!“ им порача Трамп на Американците.

Слични вести