970
Уапсен е возач од Куманово во чие возило пронајдени биле над 5 килограми марихуана.
Како што информираат од МВР, вчера (23.01.2026) околу 14:00 часот на булевар „Јадранска магистрала” во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје е сопрено патничко возило „пасат” со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Б.(31) од Куманово.
При преглед на возилото во багажниот простор пронајдени и одземени се повеќе од 5 килограми марихуана.
Д.Б. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 215 од Кривичниот законик.