Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин сака да постигне договор за прекин на војната повеќе отколку украинскиот лидер Володимир Зеленски, со што одби да изврши дополнителен дипломатски и економски притисок врз Москва.
Одговарајќи на новинарски прашања по повод новите руски удари врз украинската енергетска мрежа, шефот на Белата куќа оцени дека досега имало прекршувања на најавеното примирје од двете страни и порача дека Вашингтон мора да го насочи Киев кон преговарачката маса.
На прашањето како планира да го натера официјален Кремљ да ги прекине воените дејствија кога нападите продолжуваат на терен, Трамп се воздржа од остри осуди кон руските сили.
Тој истакна дека во моментов поголем предизвик претставува убедувањето на Киев да се согласи на компромис, нагласувајќи го своето убедување дека двете завојувани страни на крајот ќе седнат на маса.
„Мислам дека страните ќе постигнат договор. Всушност, сметам дека Путин повеќе сака договор отколку Зеленски и ние мора да направиме Зеленски исто така да го посака тоа“ порача Трамп.