Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека решението за украинскиот конфликт е можно само преку политички договор што би отворил простор за економска соработка со Русија, а не преку понатамошно вооружување на Киев.
Во интервју за Фокс њуз, тој рече дека нема да ја доведе во прашање безбедноста на САД поради војна што „Америка не ја започна, ниту може да се заврши со туѓо оружје“.
-Мислам дека можеме да ја решиме ситуацијата со Русија. Постои војна, но има и голем потенцијал за трговија, рече Трамп, додавајќи дека за време на претходниот мандат имал „добар и искрен однос“ со рускиот претседател Владимир Путин.
Според него, наместо бесконечно да испраќа оружје во Украина, Вашингтон мора да се грижи за сопствената безбедност и приоритети.
– Не можеме да го предадеме целото наше оружје на Украина. Едноставно не можеме да го направиме тоа. Не можам да ги доведам САД во опасност – нагласи Трамп.