176
Две лица, Ф.Е. (35) и Н.Е. (44), се приведени денеска во двор на основно училиште на подрачјето на Чаир во Скопје, поради непочитување наредба на овластени службени лица и утврдување на нивниот идентитет, информира МВР.
„Лицата не биле вклучени во изборниот процес, но се претставувале како набљудувачи и се наоѓале во дворот на училиштето. Тие одбиле да се легитимираат при контролата од страна на службениците“, велат од полицијата.
Од таму соопштуваат дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот.