Трамп: Мислам дека Моџтаба Хамнеи е жив

by irena 17:56
17:56

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека верува оти иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи е жив, но дека левата страна од неговото тело е сериозно повредена, пренесува „Анадолу“.

„Тој беше многу тешко повреден. Левата страна од телото, раката, ногата, сè“, му рече Трамп на политичкиот коментатор Глен Бек.

Тој додаде дека, доколку Хамнеи починал, иранската влада „постапува прилично добро“ со тоа што тврди дека редовно се консултира со него.

На 9 август, Иран објави видео на кое се гледа како Хамнеи се појавува и им се обраќа на присутните. Некои аналитичари тврдат дека видеото било направено пред војната.

Трамп рече дека војната со Иран би завршила „прилично брзо“, повторувајќи го тврдењето дека САД успешно го отвориле Ормускиот теснец.

Тој наведе дека вчера низ тој стратешки важен воден пат биле транспортирани десет милиони барели нафта и дека во текот на ноќта низ него поминале 22 брода.

„Победивме во Венецуела, а многу наскоро ќе постигнеме голема победа и овде“, рече тој.

Слични вести