Трамп: „Кралот Чарлс би помогнал со Иран“

by irena 22:08
22:08

Американскиот претседател го кажа ова во Овалната соба по државната посета на кралот, одговарајќи на прашање за говорот што Чарлс го одржа во Конгресот, во кој упати некои индиректни критики кон извршната власт во САД, пренесува Скај њуз.

Трамп прво го изрази своето „големо разочарување“ од НАТО откако, како што вели, САД „побараа да се направи нешто во врска со Украина и Иран“. Потоа се сврте кон британскиот монарх.

„Кралот е фантастичен. Поминавме многу време заедно и разговаравме многу, вклучително и за ова. Тој ја сака својата земја, тој е голем крал и одличен пријател. Мислам дека ако го прашаат, веројатно би ни помогнал со Иран“, рече Трамп.

Претседателот, исто така, се потсети на својот говор на државната вечера во Белата куќа, кога забележа дека Чарлс „се согласува со мене, дури и повеќе од мене“ дека Иран никогаш не смее да има нуклеарно оружје.

Како одговор, портпаролот на Бакингемската палата изјави: „Кралот, секако, е свесен за долгогодишната и добро позната позиција на неговата влада за неширење на нуклеарно оружје“.

Слични вести