Нови правила и строги казни за возачите во Грција

by irena 22:04
22:04

Возачите кои летово планираат да патуваат кон Грција мора да проверат како е опремен автомобилот.

Со стапувањето во сила на новиот Закон за сообраќај, Грција воведува радикални измени и строги правила.

Најголема промена е воведувањето на нов стандард за прва помош (DIN 13164:2022).

Ако вашиот сет не е во согласност со овој нов стандард, се соочувате со казна од 30 евра.

Новиот комплет, кој мора да содржи 16 клучни артикли (вклучувајќи термо-ќебе, специјални облоги за изгореници и заштитни маски), чини околу 31 евро, што е значително поскапо од досегашните комплети.

Досегашното ограничување во населени места од 50 км/час е драстично намалено на 30 км/час.

За да избегнете непријатности на одмор, проверете дали во возилото ги имате и останатите задолжителни предмети: противпожарен апарат, триаголник, рефлектирачки елек и резервна гума.

Слични вести