Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави дека, заедно со гувернерот на Луизијана, Jeff Landry, договорил испраќање болнички брод на Гренланд, данска територија за која повеќепати изјавил дека сака да ја припои кон САД.
Трамп овој потег го објави на социјалните мрежи, непосредно пред вечерата со републиканскиот гувернер во White House.
„Во соработка со фантастичниот гувернер на Луизијана, Џеф Лендри, ќе испратиме одличен болнички брод на Гренланд за да се погрижиме за бројните луѓе кои се болни, а за кои таму не се грижат. На пат е!!!“, порача Трамп.
Ниту Белата куќа ниту кабинетот на Лендри не одговорија на прашањата дали бродот го побарале Данска или Гренланд и на кои болни лица им е потребна помош. Американската морнарица има два болнички брода, USNS Mercy и USNS Comfort, но ниту еден не е стациониран во Луизијана.
Данскиот крал Frederik X минатата недела по вторпат во една година го посети Гренланд, настојувајќи со тоа да покаже единство со таа територија, како и противење на плановите на Трамп за купување на островот. Гренланд, Данска и САД кон крајот на минатиот месец одржаа разговори за решавање на ситуацијата која во последните месеци ги зголеми тензиите во рамки на NATO.
Објавата на Трамп дојде неколку часа откако данската Арктичка команда соопшти дека е евакуиран еден член на екипажот на американска подморница кој побарал итна медицинска помош, седум наутички милји од главниот град на Гренланд, Nuuk.
Членот на екипажот бил предаден на гренландските здравствени власти и пренесен во болницата во Нуук, се наведува во соопштението на Данската арктичка команда. Евакуацијата била извршена со хеликоптер Seahawk на данската одбрана, се додава во соопштението.