Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Иран веројатно е одговорен за воздушниот напад врз Саудиска Арабија, кој доведе до затворање на нафтоводот „Исток-Запад“ – една од главните рути на кралството за извоз на сурова нафта што го заобиколува теснецот Хормуз.
– Мислам дека се, веројатно се тие – им рече Трамп на новинарите во Даблин, откако беше прашан дали Иран е одговорен за нападот врз клучниот нафтовод.
Американскиот претседател исто така изјави дека разговарал со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, кого го опиша како „добар пријател“.
Трамп додаде дека јеменските Хути, кои се поврзани со Иран, стапиле во контакт со неговата администрација и јасно ставиле до знаење дека не сакаат Соединетите Држави директно да се вклучат во конфликтот.
– Тие многу повеќе би сакале ние да не бидеме вклучени. Тие промашуваат повеќето бродови. Постои само една земја со која не се баш задоволни, а ние тоа ќе го решиме – додаде Трамп.