САД ѝ понудија на Украина безбедносни гаранции слични на оние според Член 5 на НАТО, но без формално да се приклучат кон Организацијата на Северноатлантскиот договор, објавија дел од медиумите.
-Како една од безбедносните гаранции за Украина, американската страна понуди гаранција од типот Член 5, надвор од НАТО, со претходна согласност од (Владимир) Путин – рече велат упатени извори.
Според нив, Трамп ја дал понудата во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски и дека подоцна била повторена во повикот со европските лидери.
Според Член 5, напад врз една од 32-те членки се смета за напад врз целото НАТО.
-Ни треба долгорочна безбедност што ги вклучува и Европа и САД – напиша Зеленски на X.
Италијанската премиерка Џорџија Мелони денес потврди дека Трамп и рускиот претседател Владимир Путин разговарале за безбедносни гаранции за Украина за време на нивниот состанок во Алјаска.
-Клучната поента се безбедносните гаранции што би спречиле руски инвазии во иднина и тоа е најинтересниот дел од разговорите во Анкориџ – рече Мелони.