Тошковски за нападот врз Арсовска: Физички контакт имало, но не пред очите на полицијата

by vlatko 19:00
19:00

За нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска при посета на дивоградба во скопски Чаир, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека физички контакт имало, но вели дека лага е оти тоа било пред очите на полицијата.

-Физички контакт меѓу машко лице и градоначалничката имало, а дека е настанат пред полициски службеници е апсолутна лага. Така сум известен од полициските службеници, односно од помошник началникот на СВР Скопје – рече Тошковски на Телма.

Тој посочи дека има има снимки од настанот и дека точно ќе утврдат што се случило.

-Откако е настанат физичкиот контакт е побарана полициска асистенција – рече Тошковски.

Слични вести