Тинејџерите најчесто сè што ќе видат на социјалните мрежи го земаат здраво за готово, исто како момчето кое ја пиеше сопствената крв. И заглави во болница!
Тој е од Русија, но сè што е на Тикток, го гледаат младите во целиот свет.
Некои ги убедуваат децата дека со пиење крв можат значително да го зголемат нивото на железо и да станат посилни!
И тој го следел тој „совет“, ја префрлал крвта од вените во шприцот со помош на игла и ја пиел секоја капка.
Не е познато колку долго го правел ова, но по некое време неговото здравје се влошило.
Повраќал крв, бил слаб и имал треска, па неговата мајка ги известила лекарите. Тој бил хоспитализиран со дијагноза акутно труење.
Лекарите биле изненадени кога им признал дека го видел видеото на социјалните мрежи и поверувал.
– Крвта е богата со железо, а она што желудникот треба да го свари се менува под влијание на хлороводородна киселина. Во самата крв има многу железо, кое не може да се пренесе понатаму ако нема витамин Ц, но и други минерали, покрај многу работи што ја иритираат слузницата на желудникот и создаваат воспалителен процес во дигестивниот тракт – објаснуваат докторите.
Психолозите и психотерапевтите велат дека не е изолиран случај некој тренд на Тикток да има лош ефект врз менталното и физичкото здравје на младите луѓе.