Тежок пораз на Македонија во Копенхаген

by irena 22:53
22:53

Македонските фудбалери не успеаја да изборат финале во баражот за СП 2026 откако вечерва во Копенхаген беа убедливо совладани од домаќинот Данска со 4:0. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски беа конкурентни само во првиот дел од првото полувреме, а тоа што го најавија во завршницата на првото полувреме данските фудбалери го реализираа во вториот дел.

Грешката на одбраната на македонската одбрана во 49.минута со гол ја казни Микел Дамсгард. Набрзо потоа македонскиот тим преку Барди имаше удар крај голот. Но, две минути подоцна на асистенција на Дамсгард, Густав Исаксен зголеми на 2:0. Истиот фудбалер во следната минута по вторпат се запиша во листата на стрелците за 3:0 за Данска. По корнерот на Ериксен, Кристијан Норгард го постигна четвртиот гол за Данска.

Во финалето од баражот за пласман на СП 2026 Данска ќе игра со победникот од дуелот меѓу Чешка и Република Ирска на 31.март на гостински терен.

Слични вести