Тетовец остана без 3.000 евра – го измамија жена од Бугарија и лажен командир на граничен премин

by irena 14:11
14:11

МВР информира дека вчера попладне во 15 часот во СВР Тетово, 67-годишник од тетовско село пријави дека бил измамен за сума од 3.000 евра од женско лице, кое се претставило дека е од Бугарија и со која контактирал на социјални мрежи.

Според пријавеното, на 20. овој месец таа го известила дека сака да купи стан во Тетово, а неколку часа подоцна му се јавила и му кажала дека на граничен премин и заплениле 10.000 евра.

Како што е пријавено, подоцна му се јавило лице кое се претставило како командир на граничен премин и го известило дека таа треба да плати казна од 3.000 евра за да ѝ ги вратат парите.

Исто така, според пријавеното, откако ги уплатил парите преку брз трансфер на три различни агенции, како што му било кажано, не можел да ги добие на телефон, по што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични вести