16
Работник од Берово на 68-годишна возраст е тешко повреден при работна несреќа во Виница, откако товарно возило „МАН“ се превртело при истовар на глина.
На 7 септември во 09:35 часот во ОВР Виница било пријавено од Општата болница во Кочани дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен З.С.(68) од Берово.
Според пријавеното, работникот се здобил со повредите додека извршувал работни задачи за правно лице во Виница.
Несреќата се случила при истовар на глина со товарно возило „МАН“ во депонија за глина, во кругот на правното лице.
Во моментот на истоварот, возилото се превртело, при што работникот бил повреден.
На местото бил извршен увид, а за случајот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор.