201
Дванаесетгодишно дете од Скопје било тешко повредено од петарда во последните минути од 2025 година и е хоспитализирано на Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 31 декември 2025 година во 23:26 часот, во СВР Скопје од Ургентниот центар било пријавено дека кај нив е донесен малолетник со тешки телесни повреди.
Според пријавеното, повредата настанала околу 23:00 часот во парк на подрачјето на Општина Аеродром.
Првичните информации укажуваат дека петарда, фрлена од негов соученик, пукнала во раката на детето откако тој се обидел да ја тргне за да не му падне на главата.
Повредениот малолетник бил итно пренесен на лекување, каде му била укажана медицинска помош.