Двегодишно дете се бори за живот, има повреда на главата

by vlatko 14:43
14:43

Двегодишно дете е примено на лекување на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар, откако било тешко повредено со огнено оружје.

Детето се наоѓа во животозагрозувачка состојба и е сместено на одделението за интензивна нега.

Според првичните информации, станува збор за прострелна рана во пределот на главата, при што лекарите констатирале присуство на метален фрагмент.

Засега не е со сигурност утврдено како точно настанала повредата, а надлежните институции разгледуваат повеќе можни сценарија.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека случајот е под истрага.

-Тешко телесно е повредено детенце од две години, кое е во животозагрозувачка состојба. Станува збор за метален фрагмент, но во овој момент не можеме со сигурност да кажеме како точно дошло до повредата. Постојат повеќе теории за настанот и штом бидат утврдени причините, јавноста ќе биде информирана – изјави Тошковски.

Слични вести