Tаткото на Надица која загина во „Пулс“ со потресна објава: Наместо да ја чекам со внуци во прегратка, јас ја чекам во соништата

by irena 10:24
10:24

Александар Наунов е еден од многуте родители кои ги загубија своите деца на кобниот 16 март во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Тој остана без 17-годишната ќерка Надица, која беше една од жртвите во пожарот, кој го зави Кочани во црно, но и цела Македонија.

„Тоа беше обично затворање на врата… Но за мене – тоа беше последниот здив на мојот свет. Моето дете, мојата Надица, ја затвори вратата со насмевка, а јас не знаев дека зад неа ќе остане нејзиниот живот, заробен во пламен, во неправда, во тишина што нема крај“, пишува во пораката објавена на социјалните мрежи таткото Александар Наунов.

„Наместо да ја чекам со внуци во прегратка, јас ја чекам во соништата – таму каде што не гори. Наместо нејзиниот глас, слушам ехо од болка, наместо чекори по ходникот – тишина што ме гуши. Помина време, но не и мојата болка.„ – стои во објавата.

Слични вести