Лидерот на Алијансата за Албанците – Арбен Таравари синоќа во емисија на тв Телма проговори за причините поради кои неговата партија одлучи да ја напушти владината коалиција.
„Нашата идеја на почетокот на 2024 година беше многу добра – им кажавме на Албанците дека се потребни промени по 22 години власт на ДУИ“, изјави Таравари.
Според него, по само десет месеци владеење, партијата се соочила со суровата реалност. Тврди дека ВМРО-ДПМНЕ изврши „тотална маргинализација“ врз нивните кадри каде повеќето директори на ВРЕДИ се зависни од замениците директори.
„ВРЕДИ е само еден декор во владата, колку да се каже дека има и албански претставници, а да немаат никаков импакт и никакво влијание“, посочи Таравари.
Според Таравари подобро е да си во опозиција отколку да бидеш `кукла` во владата.
„Јас карактерно не можам да бидам `кукла` во една влада. Да бидеш дел од систем којшто е нефункционален е идиотизам“, рече Таравари.