Ване Цветанов моментално е во притвор, каде што заедно со другите притворени од акцијата „Шпион“ го очекува почетокот на судењето. Бидејќи притворените немаат право да комуницираат со медиумите, мораме да се потсетиме на неговата страна од приказната преку едно негово старо интервју за Фокус.
ване цветанов
Предметите што ги оставив не ги процесуираа, ама тие фирми станаа блиски до власта!
by Фокусby ФокусДа се потсетиме на последното интервју што Ване го даде за „Фокус“ пред да биде притворен.
Груевски не сака да ја реформира јавната администрација, оти ваква каква што е – најмногу му одговара!
by Фокусby ФокусУбавата бајка наречена „реформи на државната администрација“ е одличен мамец за добивање гласови. Затоа, политичкиот ќар е во сѐ почестото актуелизирање на темата, но, не и во решавање на проблемите, бидејќи вистинските реформи би довеле до губење на рејтингот, па и власта!
На крајот, нема сите да се отселат на сигурно, во друга држава. Големиот дел од тимот, од вазалите, ќе останат таму кај што се родиле, крај своите сограѓани. А тогаш, со кое лице ќе ги погледнат блиските, соседите, пријателите, роднините..? Соочувањето нема да им биде пријатно, бидејќи ограбениот не го интересираат оправдувањата, туку нанесената штета!
Тажно е што млади луѓе, кои во моментов имаат одредена власт, влијание, моќ… бегаат од можноста да направат нешто. Бегаат од шансата да исправат многу работи. Гледаат и знаат за многу аномалии, но, се плашат да сугерираат, да укажат, а камоли да се спротивстават со сопствено мислење!
Клучните прашања се: Кои се причините што стигнавме до овој слеп колосек? Кој нѐ донесе до ваков очај? Дали некој намерно нѐ заглави овде? Дали на крај некој треба да сноси одговорност? Ако сакаме прогрес, ако сакаме подобро утре, мораме да ги лоцираме кочниците, причините и факторите кои постојано нѐ водат свесно на слепиот колосек!
Како може при толку валкани пари што имаат поминато низ Македонија нашиве политички партии и надлежни институции да останат „како солза“ чисти!? Ништо чудно што кривичните пријави за перење пари овде се вистински раритет, поретки и од „светско чудо“.
Има многу примери, кога, наместо награда за успешно завршен предмет со организиран криминал, оперативците биле деградирани, уназадувани со по три четири места назад во хиерархијата, прераспоредувани по полициски станици, а често пати и бркани од работа. Очигледно, една од најнеблагодарните работи во оваа земја е да се работи како инспектор за организиран криминал и притоа да се остане чесен!
Ване Цветанов, во колумна за „Фокус“ пред три години, ги наброја основните маани на македонското општество кои ја кочат Македонија на нејзиниот пат кон подобра иднина. Неговата тогашна анализа сѐ уште држи вода.
Во државава има 10.000 регистрирани зависници од хероин, а реално се три пати повеќе. Тие дневно трошат 10 килограми хероин. Разликата за големопродажба, од Турција до Македонија, е околу 30.000 евра по килограм,. Тоа се 9 милиони евра месечно или повеќе од 100 милиони евра годишно. Прашањето е, значи, колку хероин „лови“ МВР и колку е зголемен бројот на зависниците од почетокот на Преродбата?
Со ваков народ, кој повеќе мисли со стомак отколку со глава, со вакви медиуми, кои исполнуваат секакви нарачки, со корумпираните судство и државна администрација, и со неодговорните политичари, тешко дека ни се пишува добра иднина – запиша Ване Цветанов пред три години во неговата последна колумна за „Фокус“.