166
На патниот правец меѓу селата Зелениково и Орешани е регистрирано свлечиште.
Дел од коловозот е зафатен со земја и камења, што значително го отежнува движењето.
„Се апелира до сите возачи да се движат со зголемено внимание на патниот правец с. Зелениково – Орешани. Прилагодете ја брзината според условите на патот, почитувајте ја сигнализацијата и избегнувајте претекнување“, велат од Општина Зелениково.