237
Две жени, кои според полицијата биле пријателки, се степале вчера во продавница во Тетово, каде го искршиле инвентарот, соопшти полицијата.
„На 17 март 2026 година во 12:00 часот во СВР Тетово, 47-годишната Н.А. од Тетово пријавила дека во продажен објект била физички нападната од нејзината другарка З.К., која при тоа оштетила дел од инвентарот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, а по целосно документирање ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.