Судењето за полицијаците обвинети за „Пулс“ стартува на втори март

by irena 17:03
17:03

На 2 март започнува судскиот процес против деветмина полициски службеници кои кобната ноќ на 16 март биле присутни во дискотеката „Пулс“ и, според обвинението, не го спречиле активирањето на пиротехнички средства.

Тие се товарат и за загрозување на безбедноста и сигурноста, по иста правна квалификација како и останатите 38 обвинети, на кои судењето веќе им е во тек.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), пак, ја запре истрагата по оваа основа за уште 11 полициски службеници, кои беа осомничени во делот што се однесува на безбедносните аспекти поврзани со паркингот и сообраќајните протоколи.

Слични вести