Суад Мисини ќе го претвори домот во засолниште за ранливи лица

by jadranka 20:12
20:12

Познатиот греаѓански активист за човекови права – скопјанецот Суад Мисини реши домот што зад себе го оставила неговата покојна сопруга да го стави во служба на заедницата, со идеја просторот да прерасне во сигурно засолниште за ранливи групи граѓани.Тој заедно со синот Исак одлучил да ја донира куќата по смртта на Азбија Мемедова.

Нивната намера е објектот во иднина да се користи како безбеден простор за жртви на семејно насилство, деца без родителска грижа и за лица во социјален ризик.  Мисини оваа одлука ја сподели на социјалните мрежи, каде што повика архитекти и хумани луѓе да помогнат во обновата и приспособувањето на куќата. Тој најави дека имињата на сите што ќе дадат поддршка ќе бидат поставени на самиот влез.

Азбија Мемедова, која почина во декември минатата година, остана запаметена како посветен застапник за човековите и на детските права и како личност со современи идеи за унапредување на образованието.

Слични вести