Стотина затворени училишта ќе се пренаменат во старски домови?

by vlatko 21:44
21:44

Околу 100-на училишта се веќе затворени во 20 општини во Македонија. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска во интервју за РСЕ упати совет до градоначалниците да ги пренаменат училиштата во старски дом или во клубови.

-Не можам да ви кажам точна бројка, затоа што и тоа не е многу едноставно. Ако подрачно училиште е 30 километри оддалечено од централното, тоа нема да се затвори макар и едно дете да има таму, нели? Тоа е логиката. Тоа едно дете има право на образование. Но, ако е на 2,5 или на 3 километри, секако, а таму учат 15 деца секако тие ќе се приближат во централното. Ова е сериозен процес. 20 општини се оптимизирани веќе, а во овој момент се работи уште…

Мислам дека околу стотина училишта подрачни веќе се затворени. Некои без да го почнеме ние процесот затоа што таму нема веќе деца. Стојат така зградите. Им препорачувам на градоначалниците да им најдат нова употреба, од нас нема да имаат никаков проблем. Оти не е ни за градинка, нема деца, но можат нешто друго… не знам, можеби старски дом, можеби некаков клуб и така натаму – рече Јаневска.

Слични вести