Стоматолог пријавен за сексуално вознемирување на 23-годишна пациентка во Македонија

by irena 12:52
12:52

Дваесет и тригодишна жена од Тетово пријавила во полиција дека била сексуално вознемирувана од стоматолог во приватна ординација во градот.

Според пријавата, на 14 и 18 септември 2026 година, додека пациентката престојувала во ординацијата за медицинска интервенција, стоматологот ја вознемирувал.

Случајот, според пријавеното, продолжил и надвор од ординацијата. Жената навела дека стоматологот подоцна преку мобилна апликација ѝ испраќал пораки со несоодветна содржина.

Настанот бил пријавен на 18 септември во 22:40 часот во СВР Тетово.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот

Слични вести