172
Пожарникарите со навремена интервенција не дозволија да се прошири големиот пожар што синоќа изби во центарот на Неготино, изјави утрово, неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.
Станува збор за пожар што зафати продажен простор што деновиве требаше да почне со работа, а за време на пожарот биле евакуирани и околните жители.
– Причините дополнително ќе се истражуваат. Полиција утрово го обезбедува местото, додаде Стојанов.