Стевчо Јакимовски итно е пренесен во болница каде што бил опериран

by irena 22:48
22:48

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, е надвор од животозагрозувачка состојба, но останува задржан во болница по извршената операција, дознава „Скопје1“.

Според информациите Јакимовски бил пренесен од КПУ „Затвор Скопје“ во приватна болница, каде што бил опериран. Неговата состојба сега е стабилна, но по операцијата останува на болничко лекување.

Јакимовски е правосилно осуден на една година затвор за незаконската изградба на општинската зграда во Карпош. Во казната ќе му бидат пресметани и петте месеци што ги помина во куќен притвор.

Слични вести