Пожарот кај Грачани е ставен под делумна контрола, вели Ангелов

by irena 22:12
22:12

Пожарот кај селата Грачани и Никиштани во Општина Ѓорче Петров, а кој од косовска страна се спушти на наша територија вдолж реката Лепенец, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, вели дека е ставен под делумна контрола, и се очекува утре да биде ставен под целосна контрола или да биде изгаснат.

„Но, ако ветрот е неповолен најверојатно и вечерва скопјани, или дел од нив ќе чуствуваат непријатен мирис којшто доаѓа од чадот од овој пожар“, рече Ангелов.

Тој им укажа на скопјани кога ќе го почувствуваат овој мирис да помислат на пожарникарите и сите останати коишто учествуваат во гасење на овој пожар и коишто чадот го чувствуваат од непосредна близина.

Слични вести