Српски камионџија е фатен со 50 килограми марихуана

by vlatko 21:49
21:49

Полицијата во Нови Сад, во соработка со Вишото јавно обвинителство, го уапсила 53-годишниот Д.Р. од Чачак, откако во неговиот камион била пронајдена голема количина дрога, објави српски „Телеграф“.

Според наводите на обвинителството, осомничениот возел камион кој влегол во Србија од правец на Унгарија.

При деталниот претрес на камионот, полицијата открила и запленила 50 килограми марихуана спакувана за понатамошна продажба, 2.350 евра во готово, за кои постои сомневање дека потекнуваат од трговија со наркотици, два телефона за кои, како што се претпоставува, биле користени за договарање нелегални зделки.

Освен дрогата и парите, од осомничениот привремено е одземен и камионот со кој управувал.

Д.Р. се товари за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги“, а ова дело законот предвидува строга затворска казна во траење од три до 12 години.

Слични вести