Србин „летал“ со 221 км на час на автопатот Скопје-Гевгелија, полицијата му го одзеде возилото

by irena 16:45
16:45

Вчера во 20:10 часот, на автопатот Скопје–Гевгелија кај местото Милетково, полициски службеници од ОВР Гевгелија лишија од слобода 60-годишен српски државјанин.

При сообраќајна контрола со радар, било констатирано дека тој управувал патничко возило „бмв“ со српски регистарски ознаки со брзина од 221 километар на час, на дел од патот каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека возилото е одземено, а лицето е задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести