189
Во лоши услови со силен ветар и во ноќ, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување предмалку безбедно го симна од дрвото на кое беше закачен странскиот параглајдерист кој за среќа нема сериозни повреди, велат од ДЗС.
Денес доцна попладне од ЦУК информираа дека од страна на полициската станица Крушево биле информирани дека странски државјанин, додека летал со параглајдер удрил во дрво високо над 30 метри и од ударот се здобил со повреди и останал да виси на дрвото.
Несреќата се случила во близина на Крушево. Бидејки локалните сили не можеле да го симнат повредениот параглајдерист итно е активиран тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување кој се упатил кон местото на несреќата.