Сопственик (26) на локал во гостиварско Здуње падна од скеле – заврши во болница

by irena 14:10
14:10

МВР информира дека вчера попладне во 13:20 часот, од Ургентниот центар Гостивар во ПС Гостивар е пријавено дека кај нив е донесено повредено лице.

Од страна на полициски службеници е утврдено дека Н.Ј.(26) од с. Здуње, изведувајќи работни задачи во свој локал во с. Здуње, паднал од скеле и се здобил со повреди.

Увид на лице место извршила екипа од ОВР Гостивар.

Слични вести