Михаил Р. (69) од Бајина Башта (населба во Србија, во Златиборскиот округ) синоќа ги убил својата поранешна сопруга Ања С.Р. (46) и нивниот седумгодишен син Владимир Р. по што самиот си пресудил.
Двојното убиство и самоубиство се случиле синоќа околу 20 часот во селото Обајгора во близина на Бајина Башта, во нивниот семеен дом.
– Тој работел во Русија и таму ја запознал својата поранешна сопруга. Тие дошле во Србија во неговата семејна куќа во Обајгора. Врската меѓу нив не функционирала, па затоа е поднесена тужба за развод. Таа се преселила во Нови Сад со своето дете. Како и зошто повторно дошла во неговата куќа, засега не е познато – пренесува извор близок до истрагата.
Таа вчера дошла во неговата куќа со детето. Се претпоставува дека во одреден момент имало расправија меѓу Ања и Михаил.
– Што точно се случило пред чинот е непознато. Таа била пронајдена мртва во една соба, застрелана со три куршуми, детето било пронајдено во друга соба и било убиено со еден куршум, додека тој се самоубил во бањата. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, можела само да констатира дека сите се мртви. Убиството го извршил со пиштол, а немал дозвола за пиштолот – вели изворот.
Куќата каде што се случило убиството се наоѓа во чистина во шумата, каде што нема куќи наоколу. До куќата се стигнува по многу лош пат.
Како што пренесуваат српските медиуми, таа дошла во Бајина Башта со своето дете пред неколку дена, со маж за кој се претпоставува дека бил нејзин емотивен партнер. Тие престојувале во приватен сместувачки капацитет.
– Тој ја повикал по телефон, но таа не се јавила. Михаил се јавил наместо неа. Тој рекол дека отишла на прошетка и го оставила детето зад себе. Човекот бил сомнителен, па ја повикал полицијата. Полицијата веднаш отишла во неговата куќа, но кога пристигнале пронашле само тела. Во меѓувреме, во тие половина час, тој се самоубил – вели изворот.
Михаил Р. е слабо познат во Бајана Башта. Она што го знаат е дека пред да замине во Русија, работел во комунална компанија во населбата.