Сообраќајка на крстосница во Скопје – настрада велосипедист

by irena 14:39
14:39

МВР информира дека синоќа околу 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул. „Гоце Делчев“ со бул. „Киро Глигоров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „џип“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(38) од Скопје и велосипед управуван од Н.Ј.(62) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Слични вести