176
Стабилно, суво и претежно сончево, со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер, ќе биде времето во текот на денешниот ден.
Постепено зголемување на облачноста од запад се очекува во текот на ноќта кон понеделник.
И во Скопје и околината се очекува сончево и топло време, со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурите тие ќе бидат натпросечно високи за ноември и речиси насекаде ќе надминуваат 15 степени.
Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до близу 20 степени.