Во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет денеска продолжи расправата за предлог-буџетот за 2026 г. На вториот ден од дискусијата, пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ со позитивен тон ги оценија буџетските проекции на Министерството за финансии за следната година, додека пак нивните колеги од опозицискиот СДСМ изнесоа бројни забелешки и критики за тоа како Владата планира да ги троши јавните пари.
Пратеничката од редовите на социјалдемократите и ексминистерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска се осврна на проекциите што се однесуваат на нејзиниот поранешен ресор, ставајќи го акцентот на средставата предвидени за инспеторатот за македонски јазик.
Како што кажа таа од говорницата во салата „Борис Трајковски“, со предлог-буџетот за 2026 година се предвидува намалување на буџетот на Инспекторатот за македонски јазик за 91 отсто, напоменувајќи дека средствата за оваа институција се утврдени со Законот за македонски јазик, кој, како што кажа, сите заедно го донесоа во 2024 година.
Според Костадиновска-Стојчевска, намалувањето се предвидува и покрај тоа што владејачкото мнозинство при ребалансто на буџетот за оваа година ветило дека тоа нема да се случи.
Кога со ребаланост се намалија средствата рековме дека нема да дозволиме тој (Инспекторатот) да не профункцира, за потоа да донесете измени во законот со кои инспекторатот се намали на ниво на одделение, отсек во министерството за култура, за сега да добие 91% намален буџет“, истакна Стојчевска.