Сончево со ветер, температурата ќе се искачи до 28 степени

by valentina 07:50
07:50

Сончево со мала до умерена локална облачност се очекува во текот на денот, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи од 3 до 10 степени, додека максималната ќе достигне од 19 до 28 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 8 до максимални 26 степени.

Слични вести