184
МВР информира дека синоќа во 21:20 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ц.Н.(40) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во текот на претходната недела физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга.
Како што информираат од полицијата, тој притоа употребил и тврд предмет, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а ѝ се заканувал и со огнено оружје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.