Скопјаните кои силуваа девојка во Лисиче добија кривични по брза постапка

by irena 15:01
15:01

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава по брза постапка против А.М.(41) и Ј.Р.(34), двајцатa од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“, информираа од МВР.

Како што посочија од таму, тие се сомничат дека на 17.07.2026 околу 21:45 часот покрај патот Горно Лисиче – Долно Лисиче со употреба на физичка сила и закани извршиле обљуба врз 32-годишна жена од Србија, со престојувалиште во Скопје.

„Тие се изведени пред судија на претходна постапка, кој им изрекол мерка времено одземање на патната исправа“, додаваат од МВР.

Слични вести