204
Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски, денес изјави дека руските сили спроведуваат офанзивни акции речиси по целата фронтова линија.
„Некои денови, бројот на судири достигнува 300 – највисок од почетокот на војната. Сепак, украинската армија го ограничува притисокот, ги уништува плановите на Кремљ, не ги напушта тактиките на активна одбрана и ефикасно ги применува“, напиша тој на Телеграм.
Сирски истакна дека бројот на руски војници е околу 710.000, и тоа веќе долго време.