Франција е победник на „Јуниор Евросонг“ – Македонија заврши седма

by irena 21:47
21:47

Франција е победник на 23 издание на „Јуниор Евросонг“, а Македонија со изведбата на Нела Манческа заврши на седмото место.

Нела со песната „Чудо“ (Miracle) го освои петтото место од жирито, а во конечниот пласман каде беа и гласовите од публиката, го зазема седмото место со вкупно 141 глас.

Победникот беше Франција со песната „Овој свет“ (Ce Monde), таа освои 152 гласа од жирито и 96 од публиката.

На второ место беше Украина, а третопласирана заврши Грузија.

На изборот во Тбилиси, Грузија, учествуваа натпреварувачи од 18 земји.

Слични вести