Сиљановска: Не бараме привилегии, туку примена на европското право

by vlatko 20:19
20:19

За нас ЕУ беше и останува не само географски, историски, заеднички културен дом, туку и важен приоритет. И очекуваме, како и досега, поддршка од Словенија на овој пат – ова денеска на заедничката прес-конференција со нејзината словенечка колешка го кажа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која е во официјална посета на Љубљана.

Осврнувајќи се на евроинтегративниот пат на земјава, Сиљановска-Давкова кажа дека уште еднаш сака да укаже на опасноста од билатерализација на процесот на проширување, особено кога тоа е поврзано со идентитетските прашања, за кои, како што кажа, не се преговара.

-Ние не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право и почитување на историскиот и културниот идентитет на народите и дигнитетот и интегритетот на индивидуите. Европската Унија персонифицира единство на различностите. ЕУ останува инспиративна филозофија ако си ги почитува вредностите  и принципите – рече таа.

Слични вести