(ГАЛЕРИЈА) Протест за полагање на правосуден испит на албански јазик

by vlatko 19:44
19:44

Под слоганот „Обединете се со студентите – сите заедно“, денеска се одржа втор протест организиран од албански студенти како резултат на, како што велат, отфрлањето на нивното барање од страна на министерот за правда.

На денешниот протест беа истакнати повеќе транспаренти со политички и националистички пораки и се носеа албански знамиња, како и знамиња на ЕУ и САД.

Дел од пораките гласеа: „Студентите не се предаваат“, „Овој јазик има маченици зад себе“, „Не ми ја допирајте иднината“, „Знаењето нема забранет јазик“, „Политиката го зароби Уставниот суд“…

ФОТО: Томислав ГЕОРГИЕВ

Слични вести